Организирање преку социјалните мрежи

Дигиталните учебници предизвикаа средношколски бојкот на наставата

Во текот на ноќта средношколци од повеќе гимназии се организираат за бојкот на наставата. Повикот за бојкот e поради вчерашната вест дека е испратен во парламентот законот усвоен на Влада со кој постепено ќе се воведат дигитални учебници. Пораките се разменуваат преку Вибер и Фејсбук, а се проширија речиси во сите средни училишта. Од утрово пораки преку истите социјални мрежи испраќаат и директори на училиштата кои ги повикуваат наставниците на итен состанок со физичко присуство.

Пораки со повик за бојкот на наставата се проширија од струмичките училишта сѐ до скопските „Јосип Броз Тито", „Орце Николов", „Никола Карев", „Корчагин"... Воедно, учениците не спијат, разменуваат пораки, се храбрат да ја бојкотираат денешната настава, им јавуваат на класните раководители.

И наставниците беа будни и се активни на социјалните мрежи, до колегите испраќаат пораки со кои информираат за пораките што ги добиле од учениците, разменуваат мислења како да постапат и што да прават во врска со наставните планови имајќи предвид дека училишната година е при крај, а се прават и подготовките за државната матура и интерните испити.

Првиот час во некои училишта веќе е бојкотиран, во други е одржан. Неизвесно е како наставата ќе се одвива денеска.

Директорите свикуваат итни состаноци на наставничките совети, некои од нив со физичко присуство иако наставата се одвива онлајн.

Деновиве лидерот на Средношколски сојуз Бленди Ходаи изјави дека според неговите информации нема земја каде во употреба се само дигитални учебници и додаде дека принтани учебници во вид на скрипта не се соодветна замена за вистинските учебници. Освен тоа, се смета дека сите ученици ќе немаат можност да имаат добар таблет уред, ниту интернет врска. Ходаи рече дека не е против воведување на сите технолошки можности во образованието, но и дека нема да се дозволи дискриминација и врз таа основа на учениците.

Министерството за образование и наука не отстапи од намерата за дигитализација на учебниците. Министерката Мила Царовска при тоа кажа дека лектирите остануваат во форма на книга, а дека учениците ќе учат и од печатени материјали. Владата пак, законот за учебници во е-форма го усвои, но потоа и го врати до МОН на доработка, по што ќе биде испратен во Собрание со европско знаменце со порака дека ја има поддршката од Европската комисија. Опозицијата е категорично против ваква реформа во образованието.

П.Џ.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе