Соопштение oд УНИЦЕФ

Ди Џовани: Вакцините нудат надеж, но стандардните мерки да не ги забораваме

Денес Северна Македонија ја доби првата серија од 24.000 дози вакцини АстраЗенека/Оксфорд произведени од АстраЗенека-СКБио (Република Кореја) преку механизмот КОВАКС, партнерство меѓу Коалицијата за иновации за епидемиска подготвеност, ГАВИ, УНИЦЕФ и СЗО, соопштија од УНИЦЕФ. Пандемијата на ковид-19 сериозно влијае врз животот на децата и младите, а имунизацијата ќе биде важен чекор кон закрепнување, но не смеат да се заборават мерките - маски, дистанца, миење раце, велат од УНИЦЕФ.

„УНИЦЕФ е партнер на Ковакс во набавката на вакцините за ковид-19 и навистина ми е драго што ја поддрживме оваа дистрибуција", изјави на аеродромот по приемот на пратката вакцини Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

„Пандемијата на ковид-19 сериозно влијае врз животот на децата и младите, а имунизацијата ќе биде важен чекор кон закрепнување, вклучително и кон безбеден и целосен пристап до виталните услуги. Вакцините против ковид нудат надеж, но како што ќе продолжуваат да бидат достапни, мора да запомниме дека превентивните мерки како што се физичкото растојание, маските, вентилацијата и хигиената на рацете треба да продолжат и по вакцинирањето", нагласи Ди Џовани.

Како најголем дистрибутер на вакцини во светот, набавувајќи над 2 милијарди дози годишно за рутинска имунизација и одговор на епидемии во име на скоро 100 земји, УНИЦЕФ во земјите ги координира и ги поддржува набавката, меѓународниот транспорт и дистрибуцијата на вакцини против ковид-19 преку механизмот Ковакс.

Во сооштението се наведува дека Обединетите нации ја препознаваат глобалната соработка што стои во основата на Ковакс, овозможена со великодушната поддршка од многу партнери.

Ковакс, столбот за вакцини на Акцелераторот за пристап до алатки за ковид-19, заеднички го водат Коалицијата за иновации за епидемиска подготвеност (ЦЕПИ), Гави, (Алијансата за вакцини Гави) и Светската здравствена организација (СЗО) - кои работат во партнерство со УНИЦЕФ како клучен имплементирачки партнер, но и со граѓанските организации, производителите на вакцини, Светска банка и други.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе