Девојчето што почина од ковид-19 имало тешка пневмонија, велат од МЗ

Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итната медицинска помош е донесена на Инфективна клиника, од Клиничката болница во Тетово каде била сместена од 21 октомври до 23 октомври, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале девет дена од иницијалниот прием во тетовската болница.

„Според медицинскиот извештај од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид-пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана“, стои во соопштението од Министерството за здравство. 

Ова е втор смртен случај на млад пациент за една недела. 

Минатата недела почина 17-годишна девојка од Демир Хисар која имала хронично заболување јувенилен дијабетес тип 1 и не била вакцинирана.

На 1 септември од Клиниката информираа дека од ковид-19 почина петнаесетгодишно девојче од тетовското село Селце. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе