Црн биланс за 24 часа

Девет лица починаа од ковид-19, нови 143 случаи од 1.504 тестирања

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и во Неготино-1. Оздравени се 110 лица, а починаа 9. 

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти и тоа од Скопје-42, Куманово-14, Прилеп-11, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-3, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-3.

Во болнички услови се починати се 9 лица, пациент од Виница (70), двајца пациенти од Струмица (по 67), еден пациент од Охрид (48), од Гостивар (64г, двајца пациенти од Тетово (70 и 71 година) и двајца од Куманово (68 и 77/годишна возраст).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.343, бројката на оздравени пациенти е 14.422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.200. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.782, активни 626

• Куманово 1729, активни 176

• Дебар 282, активни 41

• Штип 1.243, активни 57

• Прилеп 652, активни 122

• Тетово 1.411, активни 172

• Струга 662, активни 61

• Велес 316, активни 37

• Битола 285, активни 59

• Охрид 418, активни 46

• Кавадарци 225, активни 39

• Гостивар 924, активни 110

• Гевгелија 119, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 215, активни 136

• Крива Паланка 102, активни 27

• Радовиш 75, активни 22

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 319, активни 140

• Пробиштип 108, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 43, активни 3

• Берово 91, активни 28

• Валандово 27, активни 18

• Виница 105, активни 27

• Делчево 157, активни 84 (34 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 1

• Свети Николе 327, активни 24

• Кичево 317, активни 38

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 50, активни 3 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.504 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-320,  Биотек-169, МАНУ -92, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Систина со ПЦР метода -155, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-10, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-26, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 64

• Гази Баба – 76

• Аеродром - 96

• Карпош – 67

• Центар – 96

• Кисела Вода – 61

• Ѓорче Петров – 42

• Бутел - 30

• Шуто Оризари – 18

• Студеничани – 9

• Сарај – 12

• Арачиново – 6

• Илинден – 24

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 6

• Зелениково - 1

• Странец – 9

• Нераспределен-1

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе