Лекарската Комора не утврди пропусти во лекувањето

Детали од Извештајот: Лекарите реагирале соодветно кога на родилката на која и беа изведени органи и се влошила состојбата

Лекарската Комора го заврши стручниот надзор во Општата болница во Струга кој се однесуваше на лекарскиот третман на пациентката Јалдз Веапоска. Во Извештајот се вели дека пациентката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за породување и не се евидентирани пропусти во оперативното породување.

„По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третамнот на лекување на пациентката Јалдз Веапоска Комисијата констатира дека пацинетката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста, не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката. Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба", се вели во Извештајот на Лекарската комора.

По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ Скопје кои учествувале во третманот и лекувањето на пациентката констаирано е дека од моментот на приемот до моментот на исписот таа е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди.
Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пацинетката.

Според горенаведеното Лекарската комора не констатирала лекарски пропусти и грешки во третманот на пацинетката.

Што се однесува до извештајот на ДСЗИ за откриена ординација во Струга, случајот е во надлежност на струшкото Основно јавно обвинителство, велат од Министерството за здравство.

Родилката Веапоска која е медицинско лице посведочи дека по излегувањето од болница, од операционата сала останала без органи, за кои што тврдеше дека не знае зошто и биле извадени.

По нејзиното сведоштво и пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во куќата на лекарот Мухамед Асани, инаку член на Лекарската Комора, беше откриена гинеколошка ординација без документација, односно гинеколошка ординација во која четири жени со нотарски изјави тврдеа дека Асани ги прегледувал и им ја следел бременоста изминатите години.

К.Д.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе