Десетина пациенти од старечки дом во Битола позитивни на коронавирус

Десетина пациенти кои се лекуваат во битолскиот хоспис „Сју Рајдер“ се заболени од ковид-19. Битолскиот хоспис „Сју Рајдер“ е работна единица на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, Скопје.

Позитивни на ковид-19 се лица кои биле тестирани во текот на вчерашниот ден, потврдија за МИА претставници на здравствените власти.

Со појавата на ковид-19 и мерките кои ги препорача Министерството за здравство, влезот во хосписот „Сју Рајдер" во Битола е забранет за сите надворешни и невработени лица, вклучувајќи ги и семејствата на лицата кои се згрижени во хосписот и затоа е непознато како се заразиле пациентите во просториите на хосписот.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе