Состојби со болничките капацитети

Денеска за четири пациенти помалку на лекување во болниците, а има 40 легла повеќе од вчера

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1.581лица и има околу 440 празни легла, од тоа 113 во главниот град. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани уште 52 пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно 639 лица  се лекуваат болнички. Вчера имаше 1.585 пациенти во болниците и 400 слободни кревети.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември 10, исто толку биле примени на Инфективната клиника, во Козле се примени уште четири болни, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина пак, се примени три пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти. Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има седум деца позитивни на ковид -19 и исто толку мајки, а на ГАК има две позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, без Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 131 пациент, во болницата во Штип 87 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 30, во Кичево 32, Кавадарци 54, а во Гевгелија 20 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе