Министерство за здравство

Регистрирани 1.342 нови случаи на ковид-19, починати се 22 лица

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаи на ковид-19

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Од оздравените лица во Скопје се 266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.

Најмногу новозаразени се регистриранио во Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65.231, бројката на оздравени пациенти е 41.656, на починати е 1.847, а бројот на активни случаи изнесува 21.728. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 28.368, активни 10.477

• Куманово 3.893, активни 886

• Дебар 487, активни 122

• Штип 2784, активни 523

• Прилеп 3231, активни 1031

• Тетово 3963, активни 974

• Струга 1559, активни 466

• Велес 2117, активни 725

• Битола 2256, активни 942

• Охрид 1718, активни 594

• Кавадарци 1358, активни 523

• Гостивар 2708, активни 996

• Гевгелија 799, активни 263 (60 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 140 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1785, активни 568

• Крива Паланка 461, активни 139

• Радовиш 456, активни 118

• Крушево 141, активни 76

• Кочани 1285, активни 246

• Пробиштип 378, активни 95

• Демир Хисар 205, активни 76

• Македонски Брод 177, активни 49

• Пехчево 104, активни 19

• Берово 395, активни 102

• Валандово 227, активни 66

• Виница 383, активни 142

• Делчево 495, активни 229 (146 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 163, активни 43

• Свети Николе 866, активни 226

• Кичево 1331, активни 475

• Ресен 492, активни 200

• Неготино 646, активни 337 (91 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3399 теста се преку: ИЈЗ-1220, ЦЈЗ Скопје-64,  Авицена-303, Биотек-248, МАНУ -221,  Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со PCR метода -180, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-9, ГАК-11, Синлаб-74, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -715, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19.

 

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе