Денеска почнува тринеделниот зимски распуст

Од денеска почнува тринеделен зимски распуст за околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта кој што ќе трае до 19 јануари. Според календарот на МОН за организација на наставата, на училиште треба да се вратат на 20 јануари.

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира бидејќи, според надлежните, состојбата со ковид-19 и натаму е стабилна, иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.

Министерка за образование, Мила Царовска повеќе пати информираше дека состојбата во училиштата е стабилна и дека според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со ковид-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 отсто.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе