МОН

Денеска и утре уписи во средните училишта

Во средните училишта денеска и утре е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок.

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото  на 1 јули.

Конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедува 35.690 ученички места, од кои 24.581 на македонски наставен јазик, 10.123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

За гимназиско образование предвидени се 10.713 слободни места. За стручно образование во четиригодишно траење  слободни се 18.365 слободни места, за стручно образование во тригодишно траење 5.490, а за стручно образование во двегодишно траење има 408 места.

МОН најави дека од учебната 2019/2020 година во сите средни стручни училишта ќе почнат да се реализираат новите наставни планови и 1.040 модуларно дизајнирани наставни програми за стручно образование со четиригодишно траење кои предвидуваат воведување на учењето преку работа во трета и четврта година како интегрален елемент во системот на техничко образование и зголемување на учеството на практичната настава и вежби за учениците.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе