Директорот на Фондот за здравствено осигурување

Ден Дончев негира дека правел пречки во продажбата на „Диамед“

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев рече дека немало никаква злоупотреба во врска со шведската компанија, за која опозицијата го обвини дека заедно со министерот Филипче спречиле влез на оваа компанија во земјата.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев, попланево се огласи за случајот со фирмата „Диамед" која беше продадена на шведската компанија „Диаверум".

Тој негираше дека правеле пречки во продажбата туку посочи оти ја предупредиле шведската фирма „Диаверум" кога оттаму дошле на средба во ФЗО и во Министерството за здравство. Тие првично се повлекле, а потоа рече во октомври 2018 странските инвеститори ги известиле дека сепак, имаат намера да ја купат македонската фирма.

По ова тие писмено и вербално им пишале на швеѓаните дека во нормални околности државата не би се мешала, но оти во случајот со фирмата што сакаат странците да ја купат има сомнежи за криминално наместен тендер и злоупотреба на службената положба од лица од врвот на претходната власт, оти постојат сомнежи за вистинските сопственици итн.

„Не било вршено никакво влијание како што тврди Ивановска. Ние само ја предупредивме шведската фирма дека имаме намера да ги испитуваме околностите под кои Диамед ја добила концесијата. Доколку се утврди криминал може да се одрази и на работата на Диаверум доколку реши да ја купи Диамед, а се докаже дека имало злоупотреба на службената должност при доделувањето на концесијата. Сепак вработен во Диамед беше кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски на чија сметка легнале милиони денари. Диаверум си одлучуваат самостојно, но ние ги предупредуваме дека е можно одземање на концесија“, рече Дончев.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе