Дел од болницата „8 Септември“ ќе се ослободи за пациенти кои не се заболени од ковид-19, најави Филипче

Еден од катовите на болницата „8 Септември“ ќе се ослободи од пациенти со ковид-19, кои деновиве ќе бидат префрлени во модуларната болница која располага со 72 болнички кревети, договорено е на средбата меѓу министерот за здравство Венко Филипче со синдикатот на ГОБ „8ми Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.

Од Министерството за здравство соопштија дека на средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот кат каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останататите пациенти.

„Имаат сосема легитимно барање и во овој момент не е тешко, ниту невозможно да се одговори на ова. Барањата се да се ослободи еден од катовите во болницата ‘8 Септември‘, за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата да започне да се организира, онака како што беше организирано претходно. Тоа би значело дека од сегашниот број на кревети, помеѓу 70 и 75 и натаму ќе бидат наменети за пациенти со ковид-19, а останатите 20 ќе се ослободат“, информира Филипче.

Филипче ги известил вработените на болницата дека во наредните десетина дена ќе почнат подготовките за ослободување на капацитетите на болницата „8 Септември“, со активирање на модуларната болница која располага со капацитет од 72 болнички кревети и целата потребна опрема, а таму е завршено и поставувањето на централниот довод на кислород.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе