По зголемувањето на бројот на новозаразени

Даниловски: Вирусот сега ќе си бара простор меѓу младите и невакцинираните

Ова беше за очекување и сега ќе „догорува“ тоа што не „изгоре“ во претходните бранови, вели во изјавата за МКД.мк епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски по последните информации за удвојување на бројките на новозаразени лица со ковид-19.

 „Останаа младите и други невакцинирани, како и вакцинираните со една доза. Вакцинираните се претежно меѓу повозрасните. Вирусот, затоа, ќе си бара простор за непречено ширење меѓу младите. Тие, по правило, прележуваат полесно“, вели Даниловски и додава дека иако бројот на новозаразените експоненцијално расте, важно е дека линиите на пораст на хоспитализираните и починатите нема да ја следат истата динамика.

Според него, бројот на хоспитализираните и починатите лица ќе расте со помало темпо.

„Би било препорачливо сега приоритетно да се довакцинираат возрасните преку 50 години и најприоритетно оние со хронични болести. Така ќе се намали уште повеќе притисокот врз болниците. За да се намали смртноста, најприоритетно Лекарската комора да подготви протоколи за третман на болни од ковид-19, на сите нивоа на здравствена заштита. Минитерството за здравство да се погрижи тие протоколи да се применуваат од страна на сите здравствени установи - на сите нивоа. Се разбира, ако почне да се заканува преполнување на болниците, ќе бидат потребни и одредени рестриктивни мерки во врска со ограничување на бројот во угостителски објекти, автобуси, спортски натпревари...“, вели во изјавата за МКД.мк професорот Даниловски.

А.Д.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе