Реакција

Дамјан Манчевски го претвори МИОА во ново жариште на зараза од ковид-19

 Наместо грижа за вработените и отстранување на недостатоците, Венко Филипче и Дамјан Манчевски си снимаа спотчиња и си тераа изборна кампања. Срамно, безобѕирно и крајно неодговорно, реагира техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски по инфомрациите за тоа дека неколкумина вработени во Министерството за информатичко општество и администрација се заболени од ковид-19.

„Уште на 1 јуни предупредив и апелирав дека со одлуката на Владата на СДСМ да ги врати вработените од јавниот сектор на работните места без воведени протоколи за работа ги доведува во ризик здравјето и животот на вработените.

Предупредував и алармирав дека нема соодветна заштита на работните места согласно препораките на Светската здравствена организација, дека раководните лица од СДСМ немаат воспоставено заштита за тоа кој влегува и излегува во објектите на институциите, дека нема ниту термометар со кој ќе се мери телесната температура на секој кој влегува во институциите, а со цел да се исклучи опасноста од изложување на вработените на зараза со коронавирусот.

Јавно апелирав до Дамјан Манчевски и Венко Филипче да не си играат со здравјето и животот на вработените во јавната администрација и прашував дали вработените се обучени, информирани и известени за ризиците кои постојат на нивното работно место, дека е можно да имале контакт со лице заболено од ковид-19, дали се преземени какви било мерки за заштита на вработените и дали одговорните во институциите го известиле Државниот инспекторат за труд за повреда при работа, професионално заболување, што е воедно и императивна обврска за работодавецот.

Наместо одговори, и од Манчевски и од Филипче бев обвинувана дека сум ширела паника и дека тие се погрижиле за сѐ и сѐ било во ред. Дамјан и Венко, не ширев јас паника, но вие со вашето неодговорно однесување го проширивте коронавирусот помеѓу вработените на МИОА.

Со жалење и огорченост известувам дека денес МИОА се претвори во ново жариште на зараза од ковид-19.

Дел од вработените кои изминативе денови беа на работните места во министерството се потврдени за позитивни на тестирање за Ковид-19. Сите вработени на МИОА од зградата на поранешна Нова Македонија се известени во наредните 14 дена да не доаѓаат на работа. Тоа што се случи овие денови во Министерството за информатичко општество и администрација е сѐ она за што предупредував и алармирав уште пред месец и пол, на 1 јуни.

На вработените во МИОА и сите останати вработени во јавната администрација им посакувам добро здравје, а на заболените брзо опоравување. Нема поскапоцено од личното здравје и здравјето на членовите на вашите семејства. Тоа е најважно во овие моменти“, се вели во реакцијата на техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски.

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, од пред три дена е во самоизолација откако неговиот возач и заменик министерот се тестирале и се потврдило дека се позитивни на ковид-19, објави Манчевски на Фејсбук.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе