Процес на имунизација

Далеку сме од колективен имунитет - две третини од населението не се вакцинирани

Поради рестриктивните мерки против невакцинираните што вчера ги најави министерот Филипче, може да се забележи мало зголемување на интересот за вакцинација. Вчера прва доза вакцина против ковид-19 примиле 1.581 лице, ревакцинирани биле 853 лица, но сепак и натаму најголем е интересот кај веќе имунизираните граѓани - 1.603 вчера ја примиле третата, засилувачка доза вакцина. Македонија е далеку од можноста за создавање колективен имунитет зашто речиси две третини од населението не се вакцинирани.

„Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани. 57% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицираните вакцини, 39% од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 38% од популацијата во државата примиле две дози вакцина“, соопшти Министерството за здравство.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе