„Напред розово”

Да се зголеми свесноста кај жените за навремена превенција од рак на дојка

Да се подигне свеста кај жените за навремен преглед со цел да се спасат повеќе животи, да се нагласи важноста на превенцијата и да се зголеми информираноста кај населението за ракот на дојка, се главните пораки испратени од 11-та розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка”, во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден” и Амбасадата на САД во земјава.

Министерот за здавство Венко Филипче, даде поддршка на оваа кампања и рече дека Министерството за здравство за првпат оваа година спровело набавка на скапи цитостатици и благодарение на тоа, како што рече, на сите жени на кои им е потребна терапија после операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со цела терапија што им е потребна.

„За првпат е воведена и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациенти. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи како што е тоа во најразвиените земји во светот”, рече Филипче.

Тој додаде дека се работи на квалитетот и на постојните мамографи и веќе од средината на минатиот месец сите се целосно сервисирани и во функција и тоа ќе го намали времето на чекање за потребниот преглед. Најави дека во тек е набавката на осум нови мамографи, и ќе бидат соодветно распределени за жените да имаат пристап до мамографијата.

„Паралелно на сето тоа го започнавме и розовиот караван заедно со здружението ‘Борка’ за подигање на свеста и важноста за изведување на овие прегледи. Рана детекција може да значи целосно излекување и спасување животи”, рече Филипче.

Тпој апелираше на жените да се одзиваат на поканите што ги добиваат и да ги прават редовните мамографски прегледи.

„Оваа година пациентите оперирани од рак на дојка ги добија градниците како ортопедско помагало, следната година планираме во план да влезе и нараквицата која значајно го зголемува квалитетот на живот и го олеснува функционирањето, и сакам да го најавам целосното ослободување од партиципација за сите пациенти оперирани од малигни болести за дијагностика, не само за лекување, за она што следи за контролни прегледи после третманот”, рече Филипче.

Претседателката на здружението „Борка” Биба Додева вели дека 11-та година по ред ја организираат прошетката „Напред розово”, со цел да ја подигнат свесноста кај жените за навремен преглед, за да се спасат повеќе животи, да се открие ракот во ран стадиум.

„Благодарение на Министерството за здравство годинава имаме доста промени, среќни сме што имаат отворен пристап, и ние од оваа страна, пациентите се чувствуваме дека конечно дека некој ги слуша нашите потреби и работите почнаа да се менуваат. Има уште многу работи да се сменат, свесни сме сите за тоа”, вели Додева.

Додаде дека „Напред розово” е почетокот на кампањата со која се одбележува светскиот месец на борба против ракот на дојка, со што и земјава станува дел од светското семејство за борба против оваа болест.

Таа вели дека зголемувањето на инциденцата е тренд насекаде во светот, но она каде што има напредок е да ја менуваме статистиката на морталитет, со цел поуспешно преживување во борбата со ракот на дојка.

Во врска со долгото време на чекање за преглед за мамографија, вели дека уште од минатата година проблемот е детектиран.

„Министерството за здравство веднаш реагираше, и од оваа година веќе се набавени нови мамографи, а кога ќе се стави функција и скрининг програмата, тој проблем ќе се надмине”, рече Додева и додаде дека сега се чека од месец до два, на некои места две недели, додека оние кои се веќе оперирани имаат приоритет за мамографски преглед, и тука нема поплаки од пациентите.

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска рече дека превенцијата е од исклучително значење за оваа болест, како што е начинот на исхрана, употребата на алкохол и тутун.

Истакна дека важни за подобрување на успехот во лекување на болеста се раната дијагностика, самопрегледот на жените, раниот ехо и мамографски преглед, како и новите методи на минимално инванзивна терапија.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнс пак, кажа дека целта на оваа кампања е да се подигне свеста за оваа болест, како и информираноста дека раните прегледи се од исклучителна важност во борбата против ракот на дојка.

„Горда сум што американската Амбасада 11-та година по ред е во партнерство со „Борка" во оваа кампања. Ова е исклучителна можност за да ги зголемиме средствата, да ја зголемиме свесноста, да ги охрабриме луѓето за ран скрининг и рана дијагностика за да се свесни за оваа болест, како и да ја зголемиме надежта”, изјави амбасадорката Брнс. 

МИА

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе