Да се реши проблемот со недостиг на инсулинот, бараат Здруженијата на дијабетичари

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија апелира државата да обезбеди непречено и навремено снабдување со инсулин на сите пациенти на кои им е потребен. Велат дека во изминативе два три месеци се јавиле проблеми со достапноста на одредени инсулини и бараат надлежните институции да преземат мерки.

„Прогласувањето на пандемијата со ковид-19 во РС Македонија, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат. Лицата со дијабетес, кај децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени иснулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата“, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Оттаму се надеваат дека недостигот на одредени видови инсулин ќе биде надминат во скоро време во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе