Од Сојузот посочуваат дека барањето е со цел да се изврши превенција од дополнителни компликации и можни животно загрозувачки состојби кај лицата со дијабетес.
„Епидемиолошката состојба со ковид-19 е загрижувачка. Сериозно високите бројки на раст и тоа на дневно ниво, за жал и прогресијата на ново инфицирани не запира и покрај важечките здравствени протоколи. Ваквата состојба за Сојузот на здруженија на дијабетичари е сериозно загрижувачка, со највисок ризик по компликации на животите на граѓаните со хронични заболувања, особено кај лицата со дијабетес кои со своите секојдневни активности ги исполнуваат работните обврски“, велат од Сојузот.
Тие бараат отсуствата да бидат на товар на работодавачите, согласно правилата за боледување и тоа на вакцинираните со 90 отсто од плата, а на невакцинираните или непрележани од корона вирус со 70 отсто од плата.
„Овие мерки ги бараме имајќи ги во предвид, досегашните факти дека најголем процент на заболени од корона се лица со дијабетес, а за жал во делот на починати тој процент е над 2/3 од вкупниот број. Воедно потсетуваме дека кај лицата кои имаат средна и потешка форма на коронавирус, од терапијата која се применува се појавува дијабетес и е зголемен бројот на корисници на инсулинска терапија. Водејќи се од мотото дека јавното здравје не е бизнис и политика, а за здрава и работоспособна нација, се надеваме дека како итни мерки ќе бидат прифатени нашите барања“, стои во барањето од Сојузот на здруженија на дијабетичари