Д-р Мехмедовиќ: Две дози прават „ѕид“ против ковид-19, а третата само го зајакнува

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом во Скопје во изјава за Канал 5 телевизија вели дека третата бустер доза создава отпорност кога е во прашање сојот омикрон, како и тоа дека е рано да се размислува за четврта доза.

„Двете дози создаваат „ѕид", а третата само го зајакнува. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија", објаснува Мехмедовиќ.

Во меѓувреме, соседна Грција им забрани влез на затворено на сите возрасни граѓани над 60 години кои немаат примено трета доза вакцина, а мерката важи и за туристите.

Кај нас, и понатаму на сила е мерката за задолжителни две дози вакцина за влез во трговски или угостителски објекти, а најновата варијанта на ковид, сојот омикрон, се уште не е забележан во земјава.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе