Д-р Кунгуловски: Британскиот сој се шири за 70 отсто побрзо од стариот коронавирус и ќе стане доминантен во Македонија

Како и во многу земји во Европа, така и во Македонија британскиот сој на коронавирусот за неколку месеци ќе стане доминантен. Тој се шири за 70 отсто побрзо од стариот, и ако требало да се заразат 10, ќе се заразат 17 луѓе, вели д-р Горан Кунгуловски, биоинженер од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина на Клиниката „Жан Митрев“, каде за првпат е утврдено постоењето на овој сој на коронавирусот во земјава.

„Вирусите постојано мутираат. Досега се детектирани илјадници мутации на корона вирусот, некои го ослабнуваат, а некои ги менуваат неговите особености. Овој вирус еволуира многу побавно за разлика од сезонскиот грип. Не знаеме, но најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина за него“, изјави Кунгуловски.

Тој објасни дека според податоците на британските научници, новиот сој се шири за 70 отсто побрзо од стариот, и ако требало да се заразат 10, ќе се заразат 17 луѓе.

Иако некои податоци велат дека британскиот сој ја зголемува смртноста за 30 отсто, Кунгуловски вели дека за тоа да стане факт треба подетални студии и дека не треба да се крева паника.

„Да бидеме претпазливи, да поимаме дека британскиот сој циркулира кај нас. Најверојатно ќе станува сѐ подоминантен и подоминантен. Да бидеме во постојан мониторинг и во постојана фаза на претпазливост“, изјави тој.

На прашањето за тоа како се заразал првиот пациент во земјава со британскиот сој на вирусот, д-р Кунгуловски вели дека епидемиолозите ќе утврдат дали вирусот циркулирал недела, две-три претходно и дали пациентот имал контакт со некој кој патувал во странство.

„Пациентот бил со средно тешка слика, сега е оздравен, без никакви проблеми сега-засега. Потребни се стотици или илјадници податоци за да се направи споредба меѓу симптомите на стариот и новиот сој“, додава Кунгуловски.

На прашањето колку време е потребно за да се детектира овој нов сој на вирусот, тој вели дека прво имале стратегија за селекција на пациентите, но отсега пристапот би можел да се смени и тестирањето да биде попроизволно.

„Сега сакаме да знаеме процентуално колку од тие пациенти се носители на британскиот сој, а колку на другите соеви. Во единица на време сакаме во следните неколку месеци да следиме дали таа преваленца се менува или не.  Дали битанскиот сој станува доминантен или не.  Сепак, тој многу полесно се пренесува од претходните соеви и ќе стане доминантен во Македонија“, смета Кунгуловски.

По препорка од СЗО барем 5 отсто од сите позитивни изолати треба да се секвенционираат за да се утврди мутацијата, а резултатите од секвенционирањето се добиваат за 5-7 дена, па тој ја повика владата, како и општествено-одговорните фармацевтски компании да помогнат со финансирање на овој скап проект.

 

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе