Лекарската комора со објаснување за вакцините

Д-р Гроздановска уверува: Сите вакцини се безбедни, ризикот од нив е 1.000 пати помал од ризикот од ковид-19

Вакцините „Фајзер/Бионтек“, „Астразенека“, „Синофарм“, „Спутник“ се безбедни вакцини и ризикот од нивното примање е илјадници пати помал од ризикот кој со себе го носи вирусот ковид-19, беше речено на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора.

Професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство рече дека „Астразенека“ е една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, при што само во Велика Британија се дадени над 17 милиони дози, и нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле.

„Најпрво беше препораката ‘Астразенека‘ да не се дава кај постарата популација над 65, тоа беше во јануари некаде, поради тоа што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина, во овој случај кај постарата популација. Но, вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација“, појаснува Гроздановска.

Овие нови сознанија што се појавуваат последните десетина дена кои се темелат на бројките на тромбоични промени, односно несакани реакции што се случуваат се кај популацијата под 60 години и тоа, како што вели, потекнува од неколку држави.

„За ‘Астра Зенека‘ на 15 март, 13 земји во Европа кратковремено прекинаа давање, со цел да се разјасни оваа состојба. Почнувајќи од Норвешка, првите случаи беа таму, па во Данска, потоа пријави Австрија, значи се од ваков тип на тромбоични промени кај популација помлада од 60 години. Германија во понеделникот излезе со јасен став дека бројот на инциденцата на појава на оваа состојба во однос на бројот на дадени дози претставува доволен алармантен сигнал за времено прекинување на давање на таа вакцина кај оваа популација“, рече Гроздановска.

Но, според неа, кај истата таа популација, инциденцата на појава на овие заболувања, односно овие компликации е многу пати поголема кај популација која не е вакцинирана.

„Во моментов, од денеска е најново дека сега препорачуваат само една доза од ‘Астра Зенека‘ кај пациентите што ја примиле првата, а се во групата под 60 години, но токму оттука е нашата мала претпазливост, додека се расчисти оваа стиуција, се обративме до ЕМА. Мислам дека на нас воопшто не ни се пореметува планот бидејќи ние тргнавме со постарата популација. Тргнавме со над 77 години и ‘Астразенека‘ сега ја даваме надолу, ќе дојдеме некаде до 65 и тука сме комплетно безбедни“, нагласи Гроздановска.

Таа појасни дека ист модел на дизајнирање на вакцината претставува и „Астразенека“ и „Спутник V“, тоа се двете аденовирусни вакцини, единствена разлика е што „Астразенека“ користи вирус вектор од шимпанзо, од аденовирус од шимпанзо, а „Спутник“ користи хумани аденовируси.

„Меѓутоа, тоа не ја објаснува оваа симптоматологија на настани и мислам дека од она што ние во научните кругови го гледаме е дека степенот на пријава на овие инциденци е поголем од два фактори, заради тоа што ‘Астразенека‘ се дава многу помасовно и затоа што следењето на несаканите реакции особено на ниво на ЕУ каде што е приоритет следењето на безбедноста е многу потемелно. Секој еден пријавен случај се детектира и е забележуван“, вели д-р Гроздановска.

Директорот на Институт за имунобиологија и хумана генетика, Александар Петличковски рече дека пациентите кои примаат хемотерапија треба да ја примаат вакцината пред или неколку дена после хемотерапијата. Истото го советуваше и за бремените жени, родилките да направат консултација со својот гинеколог, иако не гледа пречка тие да бидат вакцинирани.

Во однос на безбедноста на „Астразенека“, Петличковски даде пример дека има 4 до 6 случаи на тромботичен ефект на еден милион вакцинирани, и 10 на еден милион со алергиска реакција.

„Последниот податок од Велика Британија покажува дека од 18 милиони вакцинирани 22 имале церебрална тромбоза и 8 други тромбози. Треба да се има предвид дека во обичната невакцинирана популација, има 10 тромботични случаи на еден милион“, додава Петличковски.

Тој нема дилема дека населението треба да се вакцинира, бидејќи кога ќе се спореди со Израел тие во третиот бран имаат по 440 регистрирани дневно заболени од ковид-19 на 9 милиони луѓе, и со околу осум починати. Ние со два милиони народ имаме по 1.500 заболени и по 33 просечно мртви.

Петличковски нагласи дека најважно за вакцинацијата е да се знае дека таа ги елиминира шансите за смртен исход и тешки форми на болеста.

По примањето на вакцината важно е да се знае дека, луѓето немаат имунитет и оттука важно е да се почитуваат мерките, да се држи дистанца. Комплетниот имунитет се создава две недели по втората доза на вакцина.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе