По Новата година

Д-р Грозданова: Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 за 400 илјади луѓе

Македонија ќе ја добие онаа вакцина против ковид-19 што прва ќе биде регистрирана и одобрена преку Ковакс-механизмот, а реално е да се очекува тоа да се случи во првите месеци по Нова година, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација. Ќе бидат добиени 800 илјади вакцини, по две дози за 400 илјади граѓани.

Договорот со Ковакс-механизмот што го потпиша нашата држава предвидува вкупно количество од 800 илјади вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луѓе.

„Со првите 20 проценти од вакцините се предвидува имунизација најпрво на ризичните групи како што се здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количества вакцини и за останата популација“, вели во изјавата за МИА д-р Грозданова.

Компанијата „Фајзер“ веќе поднесе апликација за т.н. итна постапка за одобрување на вакцината во Управата за храна и лекови (ФДА) во САД, а оваа процедура се очекува дека да ја користат и производителите „Модерна" и „АстраЗенека" за регистрација во Европската медицинска агенција. Како што вели д-р Грозданова, најавите се дека веќе во декември можно е да биде одобрена првата вакцина за ковид-19.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе