Онлајн дебата за процесот на имунизација

Д-р Грозданова: Лекари кои не веруваат во вакцините не треба да се дел од здравството

Вакцинацијата не се одвива според очекувањата, а особено ми е болна тема кога здравствени работници шират невистини за вакцините, па дури и одбиваат да се вакцинираат. Тие лекари и здравствени работници, ако не веруваат во медицината и во науката воопшто, не би требало да се дел од здравството, изјави проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на денешска организираниот онлајн разговор на тема „Имунизација во државава".

Свесни сме дека медиумскиот простор, особено социјалните мрежи, дозволија да се шират голем број на дезинформации, кои имаат влијание врз луѓето. Се шират огромен број на индивидуални ставови, кои не се поддржани со ниту една референца, ниту со релевантна институција. И како што велат, неколку пати кажана невистина, станува вистина, рече Грозданова и нагласи дека тоа е проблем и во светот.

„Но посебно ме загрижува кога невистини шират медицински лица. Како здравствен работник, ова ми е болна тема. Овој четврток ќе биде триесетиот семинар за здравствени работници, за едукација за вакцините. Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката и медицината, тогаш не би требало да бидат дел од здравството“, рече Грозданова.

Таа потенцира дека за здравствените работници не би требало да се дискутира дали се вакцинирани или не, туку како што нагласи, тие сите треба  да се имунизирани и посочи дека во Македонија процент на вакцинирани здравствени работници е околу 75.

Директорката на Комитетот за имунизација нагласи дека сите вакцините се безбедни, но кинеските се покажале помалку ефикасни кон делата сојот од мРНА вакцините, особено кон делата сојот, па затоа за засилувачка доза се препорачува „Фајзер".

Во однос на несаканите ефекти, досега кај нас не бил пријавен случај некој да биде доведен во живото загрозувачка состојба од вакцина. Грозданова напомена дека експертите излегуваат со препораки во однос на вакцините. Па така, за вакцината на „Фајзер" кај помлади мажи, под 35 години, се појавило воспаление на срце.

„Но, од она што го гледаме станува збор за минлива состојба, далеку од живото загрозувачка. Истото тоа го имавме и со Астразенека. Имаше препораки таа да не се дава на помладата популација. Но, потоа се виде дека оваа вакцина е високо безбедна и за помладата популација“, објаснува професорката, која посочи дека досега имало разни препораки за разни вакцини, но сега имаме доволно искуство за да се види која вакцина како реагира.

Таа рече дека најкомпетентни за одговор за несакани дејствија од вакцините се од МАЛМЕД. Но, доколку имало некој случај на некој да му биде загрозен животот поради вакцина, тогаш од МАЛМЕД сигурно би го информирал Комитетот за имунизација, а такво нешто досега нема.

За оние кои треба да патуваат во држави во кои не се признаени некои вакцини, како „Спутник В", Грозданова вели дека тој проблем би требало да се реши со примање на трета, „бустер" доза од вакцината „Фајзер".

Професорката Грозданова меѓу другото посочи дека кај луѓето ковидот делува различно и поради тоа е потребен индивидуален пристап кон лекувањето на пациентите.

Таа изрази надеж дека новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести ќе бидат прифатени, верува дека ќе расте бројот на вакцинирани лица и на оние што ќе примат трета засилувачка доза на вакцина.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе