Стручен апел

Д-р Беќаровски до властите: Набавете од комбинираните тестови за ковид и грип, да не биде доцна

Д-р Нико Беќаровски од Скопската клиника упати апел до здравствените власти да се набават комбинирани антигенски тестови кои детектираат и ковид-19 и сезонски грип. Тоа е многу важно во периодот што доаѓа, веќе за еден месец ќе биде доцна, смета д-р Беќаровски

Д-р Нико Беќаровски, кој често на својот фејсбук профил објавува стручни размислувања, совети и апели поврзани со коронавирусот, сега апелира до здравствените власти да ги набават тие комбинирани тестови, имајќи предвид дека е важно брзо и точно да се дијагностицира за кое вирусно заболување се работи.

„Со доаѓање на есента и зимата оваа година неминовно ќе нѐ заплисне и сезонскиот грип. Затоа додека цените на тестовите сѐ уште не се скапи на светската берза, веднашп набавете ги брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test, со кои на релативно евтин и временски краток рок ќе може да веднаш да дијагностицираме болни од ковид-19 и сезонски грип. За еден месец можеби ќе биде предоцна“, вели д-р Беќаровски.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе