Прва помош за граѓаните

Црвениот крст донесе храна, вода, ќебиња, душеци... во опожарените места

Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, како и хуманитарна помош во повеќе региони.

Хуманитарна помош е испратена во Берово/Пехчево и тоа 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 50 душеци, и во Куманово, каде се испратени 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри и 50 душеци.

Се дополнува дека за утре е планирана дистрибуција на хуманитарна помош за Делчево што ќе се состои од 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 20 душеци и Кочани – 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2.592 шишиња вода од 0,5 литри, 400 ќебиња и 50 душеци.

Тимовите се состојат од осум волонтери од Црвениот крст на Град Скопје и по четири волонтери од општинските организација на Црвениот крст од Штип, Делчево, Кочани и Берово.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе