Предлог до Влада

Чулев бара целосно затворање на границите

На денешната седница на Кризниот штаб предложив затворање на сите гранични премини за влез во државата. Оваа одлука очекувам попладне да биде потврдена од страна на Владата и да важи за сите патнички возила кои влегуваат во државата, освен за македонските државјани и кај оние каде има посебен економски или државен интерес, напиша на својот фејсбук-профил Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи.

Тој вели дека од страна на соседните земји за влез се затворени сите гранични премини, освен граничниот премин Деве Баир кој во моментов функционира непречено. „Сообраќајот за тешки товарни возила се одвива нормално. Министерството за внатрешни работи активно е вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор“, напиша Чулев.

 

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе