МВР

Чулев: 192 лица не го почитуваа полицискиот час, а 592 лица карантинот

Мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 502 граѓани, од кои 459 лица од 18-67. Во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката. Поради непочитување на мерката приведени се 192 лица, од кои 14 до 18 години, а 37 граѓани се приведени во изминати 24 часа. Опоменати се 136 лица, а во останати случаи се преземаат дополнителни мерки, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција.

„До јавното обвинителство поднесени се 123 кривични пријави и 12 известувања со кои се опфатени 150 сторители. За мерките за самоизолација и изолација издадени се 1.620 решенија за изолација од кои 90 за 24 часа 90 решенија. Во последни 24 часа нема непочитување на оваа мерка. Потпишани се 9.025 изјави за почитување на самоизолацијата“, рече Чулев и додаде дека генерална оценка е дека мерките на владата се почитуваат од граѓаните.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе