Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство

Од 2 август до 1 ноември годинава Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2023/2024 година со пријавување на следниот линк. За 2023/2024 на глобално ниво ќе бидат доделени над 1.500 Чивнинг стипендии.

Овие стипендии се дел од глобалната програма на британската Влада за стипендирање, финансирана од Министерството за надворешни работи, комонвелт и развој. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет за едногодишни магистерски студии и за индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки и креатори на мислење.

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон по повод повикот за стипендирање порачува дека стипендијата е одлична можност за оној кој има страст да направи промена, било на локално или на глобално ниво, кој сака да биде најдобар во она што го прави и ако има имагинација да ги инспирира и другите.

Не постои ‘типичен‘ студент. Твојата возраст, раса, пол, религија и културолошка заднина не ни е важна. Сакаме да видиме дека имаш енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на твоите цели. Ако ова звучи како твој опис, тогаш постои голема веројатност да станеш дел од алумни заедницата која брои преку 50.000 членови ширум светот. Нашата алумни мрежа е полна со динамични луѓе кои го споделуваат искуството што вие ќе го доживеете. Тие ќе овозможат охрабрување, менторство, совети и контакти. Кога ќе се вратите дома по студиите, ќе се чувствувате подготвени да направите вистинска професионална разлика. Голема е придобивката од поднесувањето на апликацијата, затоа ако го поседуваш она што треба за да бидеш Чивнинг стипендист, ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 1 ноемвр“и, вели Лосон.

Информации за критериумите за аплицирање се содржани на сајтот на Чивнинг.

Како што е наведено во конкурсот достапен на веб-страницата на МОН, повикот за нови апликанти следува по изборот на седум стипендисти од Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги споделуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Твитер и Фејсбук.

Програмата за стипендирање е креирана во 1983 година и оттогаш преку Чивнинг над 50.000 професионалци добиле можност да се развиваат во Обединетото Кралство. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот, а во последните пет години се доделени речиси 10.000 стипендии.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе