Четворица лаборанти од Клиничката болница во Штип позитивни на ковид-19

Четворица лаборанти од лабараторијата во Клиничка болница-Штип се заразени со коронавирусот. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев ја потврди информацијата за МИА и вели дека од вчера со заразените во изолација се и петмина нивни колеги од болничката лабараторија, бидејќи имале контакт со заразените.

„Во договор со Здравствениот дом „Панче Караѓозов", лабораториските анализи за пациентите ќе се прават кај нив. Додека за пациентите кои се хоспитализирани на Инфективното одделение, но и на останaтите одделенија во болницата, ќе се прават во лабораторијата од страна на кадарот, кој не замина во изолација“, рече Ѓеорѓијев.

Во моментов десет здравствени работници во Клиничка болница-Штип се позитивни на Ковид-19, од кои две лекарки, четири медицински сестри и четворица лаборанти. 

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе