Четири смртни случаеви од компликации од грип неделава

Во текот на изминатата недела (од 4 март до 10 март), регистрирани се четири смртни случаи од компликации од грип, од кои двајца од Скопје, и по еден од Охрид и Тетово, кои биле на возраст од 50 до 73 години. Кај две лица е утврдена претходна хронична болест/и, односно постоење на коморбидитет. Кај сите починати лабораториски потврден е А(H1pdm) вирусот на грип, се наведува во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатата недела во државава се пријавени 2.429 заболени од грип, што е за 9,3 отсто намалување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.678 заболени.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 17.630, а регистрирани се 15 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од пет до 86 години. Кај 12 лица е утврден коморбидитет.

Најголем број заболени изминатата недела (1.553) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 243,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 28 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (560), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци (601,8 на 100.000 жители).

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број набавени вакцини.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе