Епидемиолошка состојба

Четири лица починаа од ковид-19, лабораториски потврдени нови 240 случаи на заразата

Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје бележи еден смртен исход од ковид-19, како и три смртни случаи во текот на август кои се сега заведени во регистерот на умрени лица. Во овластените лаборатории со тестирање потврдени се 240 нови случааи на инфекција со коронавирусот, од кои 58 лица по вторпат се заразиле со овој вирус. Како оздравени се запишани 446 лива

Направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19 во следните градови

: Скопје – 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Берово – по 4, Свети Николе и Богданци – по 3, Штип, Струга, Неготино и Радовиш – по 2, Гевгелија, Дебар, Кратово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Охрид – 80, Битола – 36, Кавадарци – 30, Прилеп – 22, Куманово и Гевгелија – по 17, Струга и Радовиш – по 10, Гостивар – 8, Кочани, Велес и Струмица – по 7, Штип и Неготино – по 6, Тетово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Кичево и Валандово – по 3, Крива Паланка, Ресен, Демир Капија и Делчево – по 2, Македонски Брод, Пехчево, и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица, од Прилеп (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Сите лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 16 до 24 август.

Направени се 1.084 тестови: ИЈЗ-130, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-45, Биотек-53, Систина-30, лабораторија Лаор-3, Синлаб-9, Ремедика-10, Плодност-7, Генеа-0, Никоб Лаб-45, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 425.

Досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      159.865, Активни   776
Куманово    18.079, Активни    77
Битола       17.751, Активни   156
Прилеп      15.365, Активни    76
Тетово       14.405, Активни    49
Кавадарци   11.962, Активни    58
Велес            10.710, Активни    45
Гостивар     10.250, Активни    21
Охрид            10.236, Активни    85
Струмица     8.750, Активни     21
Штип              8.691, Активни     29
Кичево        6.046, Активни     20
Кочани        5.511, Активни     42
Струга         5.161, Активни    19
Гевгелија       4.842, Активни    34
Неготино       4.113, Активни     15
Ресен               3.000, Активни    13
Радовиш       2.824, Активни    18
Свети Николе  2.782, Активни     6
Крива Паланка 2.630, Активни    23
Делчево        2.156, Активни    48
Берово         1.837, Активни    17
Дебар               1.810, Активни    8
Валандово     1.593, Активни    1
Виница         1.478, Активни    10
Пробиштип     1.296, Активни     1
Кратово         1.097, Активни    5
Богданци        1.096, Активни   10
Крушево        1.020, Активни    7
Демир Хисар       925, Активни   10
Македонски Брод 792, Активни    5
Демир Капија    628, Активни       2
Мак. Каменица   535, Активни     4
Пехчево            515, Активни     3
Дојран              368, Активни     0

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе