Чешка ќе донира 2,39 милиони дози вакцини на 12 земји, меѓу нив и Македонија

 Чешката влада донесе одлука да испрати како подарок 2,39 милиони вакцини против kовид-19 на 12 земји, вклучувајќи ги и Македонија, Босна и Херцеговина и некои земји во Африка и Азија, меѓу кои и Тајван.

Донацијата се заснова на договорот на лидерите на земјите-членки на Европската Унија да испорачаат 100 милиони дози вакцини на трети земји.

„Земјите-членки можат да утврдат приоритетни земји во европскиот подарок, на кои сакаат да им испратат вакцини од нивната квота“, изјави чешкиот министер за здравство Адам Војтех, додавајќи дека 250.000 дози вакцини за Виетнам и 30.000 за Тајван не се од европскиот дел на светската иницијатива Ковакс.

Чешка исто така ќе се откаже од еден милион вакцини на американската компанија „Фајзер“ во корист на Словачка, но Словачка ќе плати за тие вакцини.

Чешката Влада смета дека ќе врати и десетици илјади вакцини што ги прими оваа пролет од Австрија, Унгарија и Словачка, додека 100.000 вакцини „Фајзер“ беа подарок од Србија на Чешка во мај.

„Сега имаме доволно вакцини“, рече министерот Војтех.

Чешка нарачала вкупно 23,9 милиони дози вакцини регистрирани во ЕУ, досега и биле доставени 9,6 милиони и според Министерството за здравство нема да може да ги искористи сите. 

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе