Епидемијата не стивнува

Чаир на врвот со 309 заразени до ковид-19, во земјата вкупно 3.519 активни случаи

Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи се бележат во Скопје, а од скопските општини во Чаир.

Од почетокот на епидемијата досега во земјава се регистрирани 7.975 случаи на заразени лица, се излекуваа 4.080 лица, а починаа 376. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19.

Константно во последниов период најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде има 1.864 активни случаи,  во Куманово се активни 181,  во Дебар 81, Штип 165, Прилеп 61, Тетово 323, Струга 156, Велес 38, Битола 29, Охрид 131, Кавадарци 17, Гостивар  се активни 131, Гевгелија 3, Струмица 13, Крива Паланка 9, во Радовиш активен е еден случај, Крушево 5, Кочани 16, Пробиштип 23, Демир Хисар 5, Македонски Брод 5, Пехчево 2, Берово 1,  Виница  1, Кратово 2, Свети Николе 105, Кичево 59, Ресен 89
и Неготино три случаи.

По општини во Скопје, најмногу активни случаи се бележат во Чаир – 309, Аеродром – 157, Бутел – 137, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 143, Сарај – 124, Кисела Вода – 108, Ѓорче Петров – 101, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 82, Арачиново – 45, Илинден – 28, Петровец – 18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково- 13, пет странци и 128 случаи се нераспределени.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе