Чаир, Аеродром, Гази Баба и Карпош и натаму со над 100 заболени од ковид-19

Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа беа евидентирани нови 141 случај на ковид-19 од направени 1.848 тестирања. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88) во болнички услови и пациентка од Кичево (80) вонболнички, а регистрирани се 175 оздравени пациенти.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројот на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 1.067, во Штип 301, во Гостивар 294, во Куманово 258, во Тетово 168, во Струга 160, во Дебар 124, во Кавадарци 107…

Досега во земјата се направени вкупно 120.950 тестирања на ковид -19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Чаир – 150, Аеродром – 132, Гази Баба – 120, Карпош – 108, Центар – 90, Кисела Вода – 89, Шуто Оризари – 85, Ѓорче Петров – 76, Бутел – 65, Сарај – 39, Студеничани – 33, Арачиново – 20, Илинден – 20, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 9, Петровец – 8, Зелениково- 6, тројца странци и тројца нераспределени.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот Фејсбук профил повторно порача дека сè може да се надополни – и дружбите и веселбите и излегувањата, и учењето и знаењето, и работата и патувањата, здравјето не може да се надополни.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе