Ни половина година од договорот

Чадиковски му даде отказ на Жан Митрев. Тимот за детска кардиохирургија се сели во Систина?

Доктор Владимир Чадиковски нема веќе да работи во Клиничката болница „Жан Митрев". Несогласувањата со Жан Митрев, сопственикот на болницата „Жан Митрев", можно е да заврши со целосен трансфер на тимот на Чадиковски во болницата „Аџибадем Систина", дознава МКД.мк.

Од потпишувањето на партнерството - Митрев, Чадиковски, Филипче, Дончев...

Чадиковски заедно со уште неколкумина доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на почетокот на годинава се префрлија во приватна болница „Жан Митрев“ како дел од проектот за јавно приватно партнерство. Операциите на деца во болницата на Жан Митрев беа целосно покриени од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Незадоволството на тимот на Чадиковски наводно било предизвикано од несогласувањата со менаџментот на болницата.

Токму денеска доктор Жан Митрев објави дека за првпат во Македонија успешно била изведена една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца. На новородено дете од 2,9 килограми му била извршена т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови што е една од најкомплексните аномалии на срцето. Операцијата ја извршил Митрев.

Минатата недела беше најавен отказот на тимот на Чадиковски, но по овие неофицијални информации Министерството за здравство соопшти дека кај нивникој не „најавил дека ќе поднесе оставка, но доколку одредени доктори по сопствена иницијатива сакаат да ја напуштат Клиниката, тоа не значи престанок на спојувањето на експертизите во државно и приватно здравство за унaпредување на квалитетот на здравствената заштита за деца со најтешки срцеви болести. Детската кардиохирургија останува во приватната болница“.

Клиниката „Жан Митрев“ беше избрана како најдобра таму да се пресели детската кардиохуирургија која до лани функционираше на Детската клиника затоа што се сметаше дека ги има најдобрите услови. Заедно со Чадиковски заминаа и други четворица доктори, двајца анестезиолози и три сестри.

Во мај годинава беше објавено дека лани во ноември и годинава во февруари Фондот за здравство ги зголеми референтните цени за кардиоваскуларните операции од 15 до 30 отсто со образложение дека се пресметала „кумулативна инфлација". Така, приватните болници кои имале профит и од досегашните цени на овие операции, сега имале уште поголем профит.

А.Д.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе