Министерство за здравство

Целосно вакцинирани се 38 отсто од граѓаните

Бројот на аплицирани вакцини како прва доза и натаму се намалува, па за два дена, во петокот и саботата прва доза вакцина примиле 1.133 граѓани, 916 се ревакцинирани, а трета доза примиле 2.635 граѓани, информира Министерството за здравство.

Според податоците на Министерството, заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. Ревакцинирани се 56% од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација на полнолетната популација со една доза вакцина е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целото население во нашата земја се вакцинирана, а 38% од населението примиле две дози вакцина.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе