Министерство за здравство

Целосно реновирано Одделението за интензивно лекување на Нверохирургија

Целосно го реновиравме и за 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија. Набавивме нова опрема и реализиравме 26 нови вработувања во установата. Колегите од мојата матична клиника се мотивирани и вистински вреднувани. Работат во подобри услови и имаат повисоки плати. Градиме одржлив здравствен систем за сите, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Во соопштение од Министерството за здравство се наведува дека е направено и комплетно реновирање на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти.

„Со цел да се унапреди и осовремени третманот на пациентите на Клиниката за неврохирургија, набавена е нова опрема, како што се монитори за одделот интензивно лекување, ултрасоничен нож за сечење ткива, апарат за анестезија, инфузиомати и перфузори, медицинска опрема за интензивно лекување, медицински колички за терапија, топлинска пумпа, респиратори и друга опрема. Истовремено, се работеше и на кадровско зајакнување на оваа јавна здравствена установа и во изминатите три години на клиниката се реализирани 26 нови вработувања на лекари, медицински сестри, болничари и останат немедицински кадар. Со преземање, на Клиниката се вработени и тројца лекари, кои се на специјализација по анестезиологија“, се наведува во соопштението.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе