Во четврток крај на распустот

Царовска: Второто полугодие продолжува со истиот модел на настава

Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата, но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, вели министерката за образование и наука Мила Царовска.

Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел, рече министерката Царовска во гостувањето на ТВ Клан.

Според пресметките на Министерството, над 90 отсто од ученици успешно следеа онлајн настава, а се регистрирани помалку од 1 процент активни случаи со ковид-19 на наставници и ученици од оние кое посетуваа настава со физичко присуство.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе