Царовска вели дека сместувањето во ученичките и студентските домови течело во најдобар ред

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска одржа средба со директорите на ученичките и студентските домови. Од Министерството информираат дека сместувањето во ученичките и студентските домови тече во најдобар ред согласно планот и протоколите за сместување во овие установи.

Протоколите се почитуваат максимално од страна на учениците, студентите и персоналот. Засега немаме трансмисија на вирусот во домовите. Се надеваме дека со одговорно однесување заеднички на сите, домовите и интернатите ќе останат безбедни, рекоа директорите на состанокот.

Царовска им посака успешна работа и апелираше на доследно почитување на мерките за заштита како и честа дезинфекција и одржување на хигиената во објектите.

„Од сите нас зависи заштитата на јавното здравје. Штитејќи се себе си ги штитиме и нашите најблиски и сите останати. Затоа апелирам на максимално почитување на протоколите во ученичките и студентските домови“, истакна таа.

МОН ги објави списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а вчера започна и аплицирањето за бруцошите што ќе трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1294 места во студентските домови. 

„Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од десет дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј" бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година“, се вели во соопштението. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе