По реакцијата на Народниот правобранител

Царовска вели дека обврска во период на пандемија е да преживееме и уверува дека бројот на заразени деца е многу мал

За министерката Мила Царовска не се релевантни ставовите на Народниот правобранител. На прашањето за предметот што го отвори Омбудсманот за состојбите во училиштата од аспект на ковид-19, кој изнесе бројни забелешки, како за организацијата на наставата, така и за транспарентноста на МОН во однос на бројот на заболени деца, министерката за образование рече дека за неа не се релевантни размислувањата ниту на Народниот правобранител ниту на МОН, туку ставовите и протоколите дадени од Комисија за заразни болести и нагласи дека само 0,01 отсто од учениците се новозаболени.

Царовска изјави дека деталните протоколи се применуваат доследно и доколку се добие аларм од Комисијата, МОН е подготвено да примени второ или трето сценарио за наставата - односно комбинирана настава или целосно онлајн. Според неа, протоколите се карактеристични и за најголемиот број земји во Европа и во Светот.

На прашањето како е можно да има по 37 ученици во една паралелка, таа одговори дека таа бројка е незаконска, но рече дека треба да ѝ биде посочено за кое училиште се работи, во тој случај ќе прати инспекција.

„Вчера процентот на нови учебици позитивни на вирусот изнесува 0,01 отсто, што значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме“, изјави министерката Царовска.

Таа рече дека обврската во период на пандемија е да се преживее, но исто толкава е и обврската, како што нагласи, учениците да се стекнат со знаење и вештини, кои ќе им помогнат да живеат и работат во иднина.

„Епидемиолозите следат, Комиисјата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште со физичка настава се околу 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што е навистина многу низок процент“, рече министерката и додаде дека процентот на заразени наставници е 0,05 отсто.

Согласно со вчерашните проценти кои таа ги изнесе, излегува дека новозаразени се 24 деца, или вкупно околу 500 ученици, дел од нив веројатно веќе имаат негативен тест. Според нејзиниот податок, 13 наставници се позитивни на вирусот. 

Царовска апелира до директорите, наставниците и родителите на почитување на протоколите, со цел да се обезбеди здравјето, но и правото на учење како основно детско право.

„Во моментов го спроведуваме сценариото за физичко присуство во училиште, за сите ученици на цела територија освен Тетово и Гостивар кои започнуваат од следниот понеделник со настава со физичко присуство. Вчера Владата ја донесе истата оваа одлука. Но, се останато може да е размислување на одредена институција, но најрелевантни за тоа дали треба да се скратат часовите или не треба да се скратат, дали има здравствен проблем или нема, ниту се релевантни размислувањата на МОН, ниту на Народниот правобранител, туку на Комисијата за заразни болести. Од страна на Комисијата протоколите се усвоени и како такви детално се практикуваат, доколку има потреба од промена на истите јас сум сигурна дека Комисијата ќе не алармира, но досега такво нешто немаме“, рече Царовска.

Тоа што го спроведува нашата држава, додаде, го спроведуваат и сите држави во светот дури и најразвиените.

Царовска, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека процентот на вакцинирани наставници е висок и изнесува над 74 процнети.

„Мислам дека до крајот на месецот ќе постигнеме и едно соодветно ниво како што велат здравствените власти за колективен имунитет кај наставниците и тоа е речиси два пати повисок број од националниот стандард и ме радува тоа бидејќи тоа покажува висока свесност кај наставниците за потребата од континуитет во настава“, заклучи Царовска. 

АСУЦ „Боро Петрушевски" е училиштето кое прво започнува со имплементација на ПИСА тестирањето, кое е меѓународно тестирање и се спроведува од страна на ОЕЦД. Нашата држава за првпат земала учество во ова тестирање во 2002 година, а ова е четврто тестирање, информира денеска министерката која изјавите ги даде по посетата на ова училиште. 

Во ова тестирање, како што посочи Царовска, учествуваат 885 ученици од 13 средни училишта во државата. За првпат, додаде, имавме можност за ова пробно тестирање да имаме и национално домашно пробно тестирање, се со цел да ги подготвиме и учениците и наставниците за процесот на тестирање.

ПИСА тестирањето прави проценка на научната, јазичната и математичката писменост на учениците.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе