Прес-конференција

Царовска: Учениците се оценети, онлајн наставата даде добри резултати

Првото тримесечие од учебната година заврши без проблеми, оценките за учениците за овој период се зклучени, а од разговорите со директорите на училиштата може да заклучиме дека онлајн наставата сега се одвива без проблеми, изјави на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа рече дека позитивни на ковид-19 се 75 ученици и 165 наставници.,

„Предизвиците со кои се соочуваа наставниците и учениците и во делот на онлајн наставата и во делот на оценувањето се надминати“, рече министерката  Царовска на новинарско прашање како ќе ја оцени наставата од оваа учебна година во услови кога Националната платформа за учење од далечина не профункционира.

На прес - конференцијата министерката изнесе последен податок според кој во земјава вкупно се позитивни на коронавирусот 75 ученици и 167 наставници, оценувајќи дека бројките и сознанијата говорат дека нема директно ширење на коронавирусот во училиштата.

На прашањето дали поради изнесените податоци во Министерството се размислува второто полугодие да започне со физичко учество на учениците, Царовска рече дека тоа ќе зависи од препораките на здравствените власти и дека е најважно здравјето.

Како што рече, се следат и искуствата на други земји, а меѓу нив и тие дека во некои држави наставата започна со физичко присуство за потоа да се премине на онлајн настава.

Според министерката, онлајн наставата и слушањето на наставата е застапено со 90 проценти од учениците. Предавањата главно се одржуваат онлајн, а во стручните училишта се комбинирани со физичко присуство.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе