Царовска: Состојбата во училиштата е безбедна, нема интерна трансмисија на вирусот

Состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега нема интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Денеска и здравствените власти информираа дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците, како што дел од медиумите сакаа лажно да претстават. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на синоќешното гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

„Епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имаме извештај на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно тие извештаи, протоколите апсолутно се почитуваат. Имаме инцидентни случаи во некои општини каде има минимални забелешки за непочитување на некој дел од протоколот во одредено училиште каде веднаш се интервенира“, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН на дневно ниво добива информации за секој заразен ученик во секое училиште и е во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести, каде се доставуваат тие извештаи, со цел навремено делување доколку дојде до промена на ситуацијата со заразата во училиштата.

„Апелирам до Народниот правобранител да бидеме во координација, да не шпекулираме, за да можеме да стигнеме до квалитетно образование и тоа со физичко присуство во време на пандемија, кое е од највисок интерес на децата и тоа не е потврдено само од нашата држава, туку и од меѓународни организации кои се грижат за квалитет на образованието во земји во развој како нашата“, рече Царовска.

Согласно податоците со кои располага МОН, кумулативно од почетокот на учебната година до сега 0,2 проценти од вкупно 240.000 ученици биле активни случаи. Дел од нив се оздравени и повторно вратени на наставата со физичко присуство во училница, додека дел сé уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден 0,01 процент од вкупниот број на ученици се нови позитивни случаи на заразени.

Осврнувајќи се на забелешките за недостиг на учебници или ИТ уреди за некои ученици, министерката нагласи дека многу е важно тие да не бидат паушални.

Оваа учебна година, велат од МОН во соопштение, посебно се водеше сметка за обезбедување еднаквост на учениците. Министерството за образование и наука за најранливите ученици, коишто во своите домови немаат електрична енергија, испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници. За учениците кои немаат дигитален уред, а можат дома да го користат, ИТ уреди беа обезбедени дел од МОН (10.000 таблети), дел од самите локални самоуправи.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе