Царовска порача дека желба на сите е учениците да се вратат во клупите

Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

За време на посетата на битолското основно училиште „Елпида Караманди", Царовска нагласи дека со примерот и министерот за здравство се во постојана комуникација и наскоро ќе биде донесена одлука.

„Како министерка, заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме, но и во ваков систем, како држава покажавме дека имавме редовна настава со успешна учебна година. Во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри и наскоро ќе донесеме одлука која ќе биде споделена со јавноста во врска со враќањето на учениците во училишните клупи на 1 септември“, изјави Царовска.

Посочи дека реформскиот процес во основното образование се одвива непречено и согласно предвидените рокови.

„Сите процеси што се зацртани со планот за реализација на новата концепција за основно образование се реализираат во дадените рокови. Концепцијата е донесена, наставните програми за прво одделение се донесени и објавени, наставните програми за четврто одделение се донесени и објавени, повик за пишување наставни материјали и материјали за учење за прво одделени се подготвени во прва тема, а следуваат и другите теми, што значи во функција е цел систем на автори, илустратори и подготвувачи за да може материјалите да се печатат, а истото се однесува за четврто оделение бидејќи селекцијата беше направена во текот на оваа недела и продолжуваат да пишуваат“, рече Царовска.

Повиците за компании коишто треба да дигитализираат дел од содржините, додаде министерката, се јавно достапни и наскоро треба да се изврши селекција за да може цел процес во текот на летото да биде завршен, и во септември одговорно и посветено, како што рече, да стартува учебната година со нов концепт за прво и четврто одделение.

„Дополнително, општините во моментов реалоцираат финансиски средства и ги зајакнуваат буџетите за да може да има обезбедување на сите ресурси потребни за четврто одделение“, рече Царовска.

На прес-конференција во Битола од МОН информираа дека е објавен повик за заинтересирани компании што ќе работат на ниво на цела држава и кои ќе извршат реконструкција, обновување и опремување на училишните кабинети за природни науки

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе