Царовска: Опозицијата нема аргументи да бара предвремен распуст, во училиштата нема ширење на вирусот

Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021. Не е потребно да има предвремен зимски распуст бидејќи во училиштата нема ширење на вирусот, вели министерката за образование и наука Мила Царовска.

Одговарајќи на прашање за предлогот од опозицијата распустот да почне порано, Царовска рече дека не слушнала аргументи од опозицијата со кои тој предлог би бил оправдан и додаде дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент.

„Во моментов активни ученици со физичко присуство се 79, што е 0,06 проценти од вкупниот број ученици, и 148 наставници до вчера, што е помалку од 1 процент од вкупниот број наставници во нашата држава. Ова се факти кои зборуваат дека интерно ширење на вирусот во училиштата нема, дека образовниот систем е стабилен и училиштата ги почитуваат мерките и здравствените протоколи. Токму затоа продолжуваме да го спроведуваме планот од Владата за учебната 2020/2021, според кој второто полугодие ќе почне на 21 јануари, а на крајот на годинава ќе заврши првото полугодие“, рече Царовска на прес-конференција посветена на буџетот за образованието за 2021.

Образовниот процес и систем се натпартиски, се работи за сите деца – и нивните и нашите, рече министерката. Нагласи дека е секогаш спремна за дискусија со опозицијата и со сите што имаат различен став, доколку тие се базираат на аргументи и факти значајни за да се донесе поинаква одлука, но дека такви аргументи и факти не добила од опозицијата.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе