Министерство за образование

Царовска и полицијата ќе ги казнува книжарниците каде се продаваат копирани учебници за 4 одделение

МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и нака Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални.

„Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување“, изјави Царовска по учеството на конференција за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта.

Министерката за образование реќе и дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците апелирајќи да се користат дигиталните верзии.

Посочи дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече. тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.

„Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални учебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење“, истакна  Царовска.

Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки.

„За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3.500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6.500 од вкупно 10-те илјади набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред освен оние коишто немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени“, додаде министерката.

На новинарско прашање Царовска одговори дека е апсолутно задоволна од одвивањето на учебната 2021/2022 година и од спремноста на училиштата и на наставниците да ги прифатат промените, а  отпорите со кои, како што рече, некој се обидуваше да ги создаде вештачки, се прави само штета на образованието и на секој ученик.

Таа соопшти и дека вчера нови заразени во наставата со физичко присуство имало 0,01 отсто, а активни има вкупно 0,27 проценти  во училиштата што, рече, укажува дека состојбата е стабилна.

Во однос на тестирањето на КОВИД-19 на околу 8.200 случајно избрани основци и средношколци со цел да се добие податок за трансмисија на вирусот во училиштата, Царовска одговори дека за нови  детали за скринингот јавноста ќе биде навремено известена.

 

 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе