Реформи во образованието

Царовска ги уверува наставниците: Никој нема да ја изгуби работата и нема да се укине ниту еден предмет

Реформите се неопходни затоа што со години нема промени во образовниот систем со што практично се уназадува нашето образование, било кажано на денешната средба на министерката за образование и наука, Мила Царовска со наставници од сите општини во државата на којашто присуствуваа и претставници на Бирото за развој на образованието и членовите на работната група.

„Наставниците ги поздравија промените со кои се дава поголема слобода во изборот на начинот на којшто ќе ги организираат часовите, но и воведувањето на кариерниот развој, којшто освен напредување во професијата значи и дополнителни финансии. Ова се едни и од клучните долгогодишни барања на наставниот кадар кои сега конечно се решаваат“, пишува во соопштението од Министерството за образование и наука.

Меѓу главните теми во дискусијата кои, како што информира МОН, се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки, се динамиката со која ќе се спроведуваат реформите и обуките што им претстојат на наставниците.

Царовска на средбата кажала дека наставниците се сржта на образованието и новата реформа се фокусира на нив и на нивниот професионален развој. Според неа, наставниците се повеќе од потребни во овој процес и никој нема да ја изгуби работата и ниту еден предмет нема да биде укинат. Имплементирањето на реформата, откако ќе биде донесена концепцијата, ќе се одвива постепено во следните шест години. Планот е да започне во прво и во четврто одделение од идната учебна година.

„Наставниците се фокусот на оваа реформа и се вклучени во нејзиното создавање од самиот почеток. Тие имаат централно место во системот и од нив зависи квалитетот на целокупното образование. Затоа, тие беа вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени кои ги бараат и кои самите знаат дека ќе го подобрат нивното работење, условите за работи и квалитетот на наставата. Јас сум горда што првпат овозможуваме кариерен развој за наставниците, нешто што беше клучно за да се зголеми мотивираноста кај нив и квалитетот на наставата. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа. Свесна сум дека секоја промена носи страв и дека промените не се лесни, но уверувам дека се во интерес на сите и пред сé на наставниците“, рече Царовска.

МОН наведува дека реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе