Царовска: Ако ситуацијата со епидемијата остане како сега, матурата ќе се спроведе во законскиот рок

Ако ситуацијата со епидемијата остане како што е сега државната матура ќе се спроведе во законскиот рок. Образовниот систем сега е безбеден, тоа го покажуваат и бројките според кои нема трансмисија на вирусот во училиштата, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска.

По посетата на ПОУ „Д-р Златан Сремец“, таа соопшти дека до вчера во наставата со физичко присуство има околу 70 ученици со вирус, или помалку од 0,06 проценти, и 160 наставници т.е. помалку од 1 процент и затоа, нагласи таа, со оваа динамика образовниот процес треба да продолжи и да тече. Царовска е сигурна дека според сите здравствени протоколи и заедно со учениците и наставниците, матурата ќе биде успешна.

„Матурата е обврзна зашто на тој начин учениците имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Таа е одредено ниво на знаење и верификација на тоа знаење. Компромис со квалитетот не смее да се прави во држави кои се стремат кон европски критериуми и кои внимаваат дека нивните генерации, кои потоа треба да ја раководат државата, мора да имаат капацитет и потенцијал“, рече Царовска, потсетувајќи дека матурантите треба да се пријават за државна матура до законскиот рок, 31 декемвери, и дека веќе се пријавуваат проектните задачи.

За сексуалното образивание од идната учебна година како пилот-проект во деветто одделение во четири основни учиишта (три во Скопје и едно во Тетово, од кои две во урбани и две во рурални средини), и за кое вчера почна обуката на наставници, Царовска посочи дека не се работи за посебен предмет со посебни наставници, туку за нови тематски содржини што ќе бидат внесени во предмети од природните и општествените науки. Притоа нагласи дека не е доволно само да се повлекуваат учебници кои содржат текстови што промовираат дискриминација, насилство и нетолеранција, туку да се дејствува и проактивно со воведување содржини за еднаквост, толеранција и мултикултурализам.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе