Одбележани 19 години од основањето на АУЕ - ФОН

Цаноски: Инвестираме во здрав образовен систем со пракса на студентите

Американскиот универзитет во Европа - ФОН заедно со голем број на соработници, поддржувачи, пријатели, студенти и алумни, одбележа 19 години постоење. Во рамки на одбележувањето се оддржа дебата за високото образование во земјата со учество на претставници од образовни институции, од министерствата, бизнис секторот, како и средношколци.

Од Универзитетот нагласија дека една од предностите според која оваа образована институција и се разликуваа од останатите универзитети во земјата, е можноста што ја нуди, покрај теорија, студентите да имаат пракса, па дури и работа за време на нивните студии.

Од основањето до денес, на студии од прв и втор циклус, своето образование го завршиле повеќе од 9.000 студенти, бројка што го докажува остварувањето на заложбите на универзитетот да обезбеди знаење верифицирано со дипломи, кои се подеднакво вреднувани, како во земјата, така и во странство, истакнаа од Универзитетот.

„Образованието мора да се трансформира. Во таа насока, високо-образовните институции, како приватните, така и државните, вклучително државата и бизнис секторот, треба да бидат партнери и заедно да креираат долгорочна стратегија, која ќе резултира со одржлив, инклузивен и применлив образовен систем кој ќе гарантира препознатлива иднина за генерациите кои се образуваат", изјави Сефер Цаноски, основач и директор на АУЕ – ФОН, кој додаде дека ќе се продолжи со инвестирањето во здрав образовен систем.

Во рамки на дебатата, Бранко Азески, претседател на Стопанска Комора на Република Северна Македонија рече дека без соодветно образован кадар не може да се говори за раст на економијата и порача државата да поведе повеќе грижа и ја посоветува да инвестира во образованието околу 5 отсто од својот БДП. Тој дефинирајаше конкретни цели и стратегии за навистина квалитено високо образование, за стимулиран академски кадар и млади луѓе, кои со своите вештини ќе останат во државата и ќе бидат дел од општествените промени.

„Покрај природната припадност на европскиот простор за високо образование, АУЕ-ФОН изминатата година интензивно работи на прилагодување и акредитација на своите програми на американско тло пред Советот за акредитација на бизнис школи и програми, како додадена вредност за Универзитетот, на тој начин креирајќи пошироки можности за студентите", изјави Билјана Пулеска Јанушевска, в.д ректор на АУЕ-ФОН.

Љуљзим Алиу, заменик министер за образование и наука изјави дека успешноста на АУЕ-ФОН е резултат на широките програми што ги нуди, привлекувајќи на тој начин, како што оцени, голем број на студенти.

„Образованието подразбира постојана надградба и доквалификација. Затоа, државата треба да ги следи современите европски текови, да го стимулира високото образование и да вложува во науката, бидејќи на тој начин ќе се градат млади квалитетни кадри", истакна Татјана Стојаноска Иванова, претседател на Одбор за акредитација при Агенција за квалитет на високото образование.

Потребата од унапредување на образованието, следењето на трендовите и обезбедувањето на висок квалитет во образовните институции и програми ја нагласи и Марко Ѓоргиевски, директор на
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Претседателот на Сојузот на средношколците, Лука Павичевиќ, ја истакна потребата од итна реформа на процесот на прием на студенти во високообразовните установи за да се препознаат талентите на средношколците, кои не се стриктно академски. Според Павичевиќ, наместо исклучиво фокусирање на оценките, процесот треба да стане холистички.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе