директорката на ДЗСИ

Бухова: Направени се 639 вонредни надзори во болници, нема поголеми неправилности

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 16 март до 19 април извршил 639 вонредни инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи. Само кај многу минимален дел од нив билe констатирани неправилности и биле издадени решенија за нивно отрстранување. Во изминатиот период Државниот санитарен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, контакти на лица позитивни на коронавирус, но и 902 решенија за лекување во домашни услови, во случаи кога лекарите процениле дека нивната состојба дозволува такво лекување.

Во контролата било проверувано дали здравствените работници се соодветно опремени со лична заштитна опрема, дали има доволно од опремата, дали има доволно средства за дезинфекција, просторија за изолација за пациент кој би можел да биде позитивен на коронавирусот, дали има соба за тријажа и набљудување.

„Од сите овие 639 вонредни инспекциски надзори многу мал број здравствени установи имаа минимални отстапувања за кои им се идздени решенија за остранување. Потоа се прави дополнителна втора контрола за да се види дали се извршени наредбите од решението“, изјави директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова.

Според неа, сите болници имаат протоколи за постапување и за прием на пациенти за други услуги кои не се поврзани со епидемијата, на примарна, секундарна и терцијарна заштита.

„Сосема е заштитен секој пациент кој ќе побара помош во било која од здраствените институции од државата“, вели директорката на ДЗСИ.

Сотирова Бухова во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека досега Државниот санитарен и здравствен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, кои биле контакти на лица позитивни на коронавирус. Лицата кои се лекуваат во домашни услови, посочи Сотирова Бухова, се контактираат од матичните лекари, а ако има зголемување на симтомите се контактира и инфектолог или во случај на влошување се префрла во најблиската инфективна клиника.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе