Бугарскиот универзитет „Св.Кирил и Методиј“ од Велико Трново отвора филијала во Македонија

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Северна Македонија, јави бугарското Национално радио. Преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин" во Свети Николе, како што јавува МИА од Софија се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски разговор пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

„Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново ‘Свети Кирил и Методиј‘ на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови“, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетото во Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе